За претходниот случај иако беше побарано од обвинителот казната за Јувентус да биде -9 бода, тие добија -15. Се жалеа на таквата одлука и привремено добија.
Информациите велат дека случајот повторно би можел да биде отворен и овојпат Јувентус да биде казнет со одземање на девет бодови. Кои исто така би биле доволно за старата дама да излезе од местата кои водат во Лигата на шампионите.
Јувентус би се жалел на една таква одлука со што ќе сака да ја одложи казната за наредната сезона, но не секоја жалба е прифатена, па нејасно е каков ќе биде исходот.
Дел од екипите ги обвинуваат институциите кои даваат казна, па се предомислуваат. Клубовите сметаат дека тоа влијае на регуларноста на првенството, па Фудбалската федерација е под притисок за повторно да активира казна на Јувентус.
Сезоната е при крај, па евентуалната нова казна за Јувентус треба да се случи во текот на овој месец. Во спротивно таа нема да може да важи за оваа сезона бидејќи екипите веќе во јуни ќе треба да се пријават за настап во Европа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.