Кантона вели дека Марадона откако починал сигурно го сртенал Господ и од него побарал две желби, Аргентина да освои Светско, а Наполи да стане шампион на Италија.
И Аргентина и Наполи ги немаа освоено овие два трофеи од ерата токму на Марадона.
„Две години откако Диего почина, Аргентина ја освои својата прва светска титула по 36 години. Сега Наполи после 33 години го освои своето прво ‘скудето’, откако Диего го донесе второто и последно во 1990 година. Сигурно, Диего го сретнал Господ и побарал да му оствари две желби. Јас сум сигурен дека Марадона, горе на небото, лудо слави како што славеше на земјата“, рече Кантона.
Наполи во чест на третото „скудето“ објави анимација во главна улога со Марадона кој пехарот за италијански првак им го испраќа на актуелните фудбалери на Наполи.
#Napul3… un posto dove i sogni possono diventare realtà
#ForzaNapoliSempre #TuttoPerLei pic.twitter.com/qKNy2cKu85
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) May 8, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.