Последните информации велат дека Мурињо одбил враќање во Челси, но тоа не значи и дека нема да си оди од Рома. Наводно Португалецот би заминал само за работа во ПСЖ или Реал Мадрид.
По освојувањето на Купот на Шпанија, Флорентино Перез беше јасен дека ќе продолжат со Карло Анчелоти и следната сезона.
Но, Галтие се очекува сигурно да добие отказ од ПСЖ. Францускиот клуб ќе побара нов тренер, а цел им е токму Мурињо.
Португалецот има репутација дека е одличен во куп натпреварувањата, ја освои Лигата на шампионите со Порто и Интер, освои Лига Европа со Манчестер јунајтед и Конференциска лига со Рома.
ПСЖ сонува за трофејот од Лигата на шампионите, се обиде до него да стигне со многу тренери, не успеа, па сака да проба дали до него може да стигне со Жозе Мурињо.
Иднината на Мурињо ќе зависи и од тоа дали со Рома ќе обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона, доколку не успее, голема е веројатноста да си замине.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.