Ајлинг Џуниор со деби гол, Јувентус ја совлада Аталанта и се искачи на второто место (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата дама“ направи значаен исчекор кон место во Лигата на шампиони откако попладнево со 0-2 триумфираше во Бергамо.

По десетина минути игра во второто полувреме, една одбиена топка стигна до 19 годишниот Ајлинг Џуниор кој го постигна својот деби гол и донесе водство од 0-1.

Трите бода беа осигурани длабоко во судиското надополнување, Влаховиќ прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-2 во 98. минута.

Со оваа победа, Јувентус се искачи на второто место на табелата во Серија A, со два бода повеќе од Лацио, три од Интер и пет од Милан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×