Алардајс: И јас би бил успешен како Гвардиола ако ги имам неговите фудбалери

by
1 минути читање

Сем Алардајс важи за легендарен англиски тренер иако најчесто водел клубови кои се борат за опстанок. Неговата самодоверба е на исклучително високо ниво, па во интервју за „Скај Спортс“ се спореди и со Пеп Гвардиола.

„Дали би можел да освојувам како Гвардиола да сум на негово место? Апсолутно. Фудбалерите ве прават добар тренер. Вашата работа е да можете да комуницирате со тие играчи и мислам дека со такви фудбалери не би рекол полесно, но би имал повеќе уживање. Доколку ги имам тие фудбалери би спиел полесно“, вели Алардајс.

„Гвардиола има два неверојатни тима. На секоја позиција има по двајца исклучително интелегентни и квалитетни играчи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×