Прославата на Наполи зема и жртва, почина 26-годишен навивач

by
1 минути читање

26-годишен фан на Наполи бил убиен за време на прославата. Тој бил погоден од куршум. Веднаш бил пренесен во болница, каде добил итна помош, но брзо потоа било констатирано дека починал.

Трагичниот настан се случил на „Пјаца Волтурно“ каде и многу други се здобиле со повреди. Дури 203 луѓе ги посетиле медицинските установи.

Четворица биле погодени со куршуми, некои имале убоди од ножеви, трети од огномет, имало со дислоцирани рамења, скршеници, проблеми со очите, скршени носеви….

Има информација и дека 20-годишна девојка се бори за живот со повреди на главата откако била удрена со кола за време на прославата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×