224
Пред самиот крај на првото полувреме Медисон можеше да му донесе водство на Лестер од 3-1, шутираше пенал, неговиот шут во средината од голот го одбрани Пикфорд.
Неговата одбрана не беше случајна, голманот на Евертон домашната задача си ја стави на шишето за вода. Пикфорд имаше податоци за неколку изведувачи на Лестер, кој каде шутира пенал.
За Медисон информацијата му беше дека 60 проценти од пеналите ги шутирал во средина, а по 20 проценти лево и десно. Воден од тој податок Пикфорд реши да остане на средината и го одбрани ударот од белата точка.

Имаше инфо и за Тилеманс кој секогаш шутирал лево, а Варди 50 проценти шутирал десно, 30 проценти лево и 20 проценти во средина.