Ливерпул ја доби
пресметката против Тотнем, во супердраматична завршница, гостите се вратија од три
гола негатива, но само за да му ги подарат трите бода на противникот.
„Црвените“
поведоа во 3. минута, Џонс доби топка на подалечната статива и ја затресе
мрежата за 1-0. Во 5. минута веќе беше 2-0, Луис Диаз го матираше Форстер за
нова радост на „Енфолд“.
Гостите по 15
минути игра капитулираат и по трет пат, Мохамед Салах од пенал зголеми на 3-0.
Но Тотнем не се
предаде, Кејн погоди за 3-1 во 39. минута за Сон во 77. минута да намали на 3-2
и да најави интересна завршница.
Ви 93. минута
Ришарлисон по еден прекин се снајде најдобро и изедначи на 3-3 за голема радост
на Тотнем.
Но веќе во
следниот напад гостите киксираа, еден топка дојде до Жота, кој биеше прецизно
по земја за 4-3 и три бода на Ливерпул.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.