Официјално: Гарначо стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Иако има само 18 години, Гарначо веќе има 31 настап за првиот тим на Манчестер јунајтед, клубот не се двоумеше многу да му понуди подобар договор.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Алехандро Гарначо потпиша нов договор според кој ќе остане во клубот до 30 јуни 2028“, стои во соопштението на Јунајтед.

Гарначо вели дека е пресреќен што уште долго ќе биде во Манчестер јунајтед.

„Кога дојдов во овој неверојатен клуб, сонував да дебитирам, да играм на Олд Трафорд, да го постигнам мојот прв гол и да освојувам трофеи со овој беџ на моите гради“, вели фудбалерот.

„Се чувствувам многу горд и полн со емоции бидејќи овие моменти што ги набројав, веќе ги искусив заедно со моето семејство кое ми дава поддршка во секој чекор“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×