Барселона вметнува специјални клаузули во договорите на новите засилувања

by
1 минути читање

Финансиската ситуација на Барселона и понатаму е комплексна, клубот од Камп Ноу треба да ги крати трошоците и да ги зголемува приходите со цел да добие зелено светло од Ла Лига за регистрација на фудбалери.

Како што пренесува Ел Мундо, сите играчи кои ставаат потпис на нови договори, како и новите засилувања (како Ињиго Мартинез и Илкај Гундоган), имаат клаузула во која стои дека се свесни за економската ситуација.

Исто така, имаат и клаузула според која добиваат одврзани раце да го напуштат клубот доколку до 20. јули не бидат регистрирани.

Барса дури и ќе ги компензира и ќе ја надополни разликата во плати, односно сумата која им била ветена за настап на Камп Ноу, и сумата која ќе ја добиваат во новиот клуб.

Медиумите од Шпанија подолго време пишуваат за ваква клаузула во договорот на Гави, чија сага заврши на суд со една пресуда во корист на Барса, и друга во корист на Ла Лига.

Доколк младиот Шпанец не биде регистриран на време, тој ќе може беспари да замине од Барселона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×