Леви сепак попуштил, Кејн ќе биде продаден – му одредил две цени

by
1 минути читање

Новинарот Мат Ло од „Телеграф“ објави дека Леви веќе пресекол и дека нема да се инаети за трансфер на Кејн, ако дојдат конкретни понуди за напаѓачот, но фудбалерот на Тотнм има две цени, една за странските екипи, а сосема друга за премиерлигашките гиганти.

Според информациите на Ло, Кејн е достапен за странците за 80 милиони фунти, што е најмалку за 20-на милиони помалку од цврстиот став кој го имаше до зимоска дека без трицифрена сума воопшто не ги ни разгледува понудите.

Од друга страна, цената на Кејн за премиерлигашите е 100 милиони фунти. Пред година ипол, Манчестер сити сакаше да го купи англискиот репрезентативец, еден преоден рок пред да дојде Ерлинг Халанд, но тогаш за многу малку Тотнем ја одби понудата која ќе беше премиерлигашки рекорд.

Инаку, Баерн Минхен најмногу се поврзуваше со Кејн во последно време од екипите надвор од Англија, а Манчестер јунајтед од домашните ривали.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×