Њукасл го понижи Тотнем, втора најбрза „петарда“ во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Се посигурно е дека Њукасл следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, денеска презентираа доминација против Тотнем кој им е ривал за топ четири.

Мечот имаше шокантен старт, по 21 минута игра беше 5-0 за ЊУкасл. Марфи и Исак дадоа по два гола, еден беше дело на Жоелинтон.

Тоа беше второ најбрзо водство од 5-0 во историјата на Премиерлигата, рекордот го држи Манчестер Сити против Ватфорд во септември 2019 кога за 18 минути даде толку голови.

На полувремето тренерот на Тотнем го извади Хуго Лорис, а во игра го стави Форстер.

Во 49. минута Кејн ублажи на 5-1, а Вилсон во 67. минута ги постави конечните 6-1.

До убедлива победа дојде и Вест Хем кој со 4-0 победи на гостувањето кај Борнмут.

Антонио, Пакета, Рајс и Форналс ги дадоа головите за Вест Хем.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×