Во 22. минута од пресметката на „Диего Армандо Марадона“, Марио Руи со еден неспретен старт го собори Рафаел Леао а судијата досуди пенал.
Оливие Жиру ја превзеде одговорноста, но неговиот силен удар по средината од голот беше одбранет. Сепак, „росонерите“ сметаат дека пеналот требал да биде поновен откако неколку фудбалери на Наполи предвреме влегоа во шеснаесетникот.
Скај Спорт Италија направи анализа и објазни зошто пеналот не бил поновен, Жуан Жесус не нагазнал на земјата пред Жиру да шутне, па и покрај тоа што со тело бил влезен во шеснаесетникот, правилата не биле прекршени.
Сепак, неколку други медиуми не се сложуваат со ваквото толкување и веруваат дека пеналот морал да биде повторен.
Tre del Napoli in area sul rigore di Giroud pic.twitter.com/SpHOHJXuza
— Pietro Mazzara (@PietroMazzara) April 18, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.