Милан синоќа одигра одличен натпревар против Наполи, не му дозволи на противникот да создава многу шанси, беше блиску и до победа на тој меч, но и конечните 1-1 беа доволни за пласман меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.
„Сите мислеа дека ние сме аутсајдери, но ние имаме големо срце, го сакавме ова со се што имаме и им честитам на моите момци“, вели Пиоли.
„Мислам дека малата предност од 1-0 ни помогна во една смисла и не блокираше во друга. Бидејќи тука беше Осимен, одбравме малку подлабоко да се поставиме и да не му дозволиме да има простор каде што може да биде опасен“.
„Видов огромна пожртвуваност од моите фудбалери, си верувавме еден на друг и успеавме да го победиме одличниот тим на Наполи кој ни создаде проблеми и во двата меча. Победивме со срце“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.