Лудо попладне во Бундеслигата, кикс на Баерн, драма и шок за Дортмунд во 97. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд испушти голема шанса да се изедначи со Баерн Минхен на врвот на табелата.

Очигледно по отказот на Нагелсман работите на „Алианц Арена“ не одат добро, па „баварците“ разочараа против Хофенхајм и одиграа само 1-1.

Но овој кикс не успеа да го искористат „милионерите“, кои на полувреме имаа 0-2 и играч повеќе на гостувањето кај Штутгарт.

Но домаќините успеаја да се вратат, да изедначат на 2-2 и да го однесат мечот во драматична завршница.

Се чинеше дека Борусија Дортмунд ќе покаже карактер, Рејна погоди за 2-3, но следуваше шок во 97. минута, Силас погоди за 3-3 и ги шокираше гостите.

На останатите натпревари од 15:30 часот, РБ Лајпциг со 3-2 го совлада Аугсбург, а Келн и Мајнц одиграа 1-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×