Реал Мадрид без Бејл, Наполи со Милик

by
1 минути читање

Герет Бејл тренираше со тимот во пресрет на утрешниот меч, а Зинедин Зидан изјави дека можеби Велшанецот и ќе игра, но тоа нема да се случи.

Познати се составите за утрешниот натпревар, а Герет Бејл го нема меѓу оние кои ќе бидат дел од првото осминафинале. Освен Бејл сите други се подготвени за игра.

За разлика од Реал Мадрид, Наполи нема никакви проблеми со составот, напротив позитивна вест е враќањето на полскиот напаѓач Милик кој по подолго време повторно е во комбинација. Милик нема да биде стартер, но може да добие шанса од клупата.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Наполи се игра утре со почеток од 20:45.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани