Гвардиола: Навистина голем резултат, но добро го познавам Баерн, тие не се предаваат

by
1 минути читање

Манчестер Сити направи голем чекор кон полуфиналето од Лигата на шампионите откако синоќа со 3-0 го победи Баерн Минхен.

„Мечот беше изедначен во првите 60 минути. Тие во многу елементи беа подобри од нас, но по 65. минута, нашиот втор гол ни помогна многу“, вели Гвардиола.

„Бевме агресивни, поради тоа го постигнавме вториот гол. Видете ја нивната клуба, секогаш имаат закана. Резултатот е навистина, навистина добар, но има и реванш“.

„Бев во Минхен две години. Го знам нивниот менталитет и квалитет кој го имаат. Се уште имаме за играње“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×