Јувентус го продава Влаховиќ, Србинот го нема ефектот кој се најавуваше!

by
1 минути читање

Српскиот фудбалер има проблем со самодовербата во изминатите кола, во 2023 година има постигнато само четири гола, два во Серија А и два во Лига Европа.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Јуве не може да си ги дозволи трошоците за Влаховиќ, особено што тој не е ефективен, па ќе го продаде со цел да го запази финансискиот фер-плеј.

Голема е веројатноста дека Јувентус нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона, нема да ги имаат приходите кои вообичаено им доаѓаат од ова натпреварување.

Информациите велат дека неколку клубови од Премиерлигата ја следат ситуацијата на Влаховиќ, но заинтересирани се и ПСЖ и Реал Мадрид.

Како и да е, досега нема пристигнато официјална понуда за Влаховиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×