Целта на Рома оваа сезона е пласман во Лигата на шампионите, во моментов се на позиција која им го носи тоа.
По победата над Торино, италијанските новинари потенцираа дека Рома се качила на третата позиција, а тој им одговори на свој начин.
„Сигурни ли сте дека Јувентус нема 59 бодови? Тоа не става на четвртата позиција. Во Италија сме“, вели Мурињо.
Португалецот алудира на тоа дека има шанса на Јувентус да му бидат вратени тие 15 бодови кои му ги одземаа.
Јувентус поднесе жалба за одземените бодови, на 19. април ќе се знае дали ќе им биде прифатена и ќе им ги вратат бодовите.
Јувентус сега има 44 бодови и се наоѓа на седмото место, ако им ги вратат бодовите ќе има 59 и ќе се качи на второто место.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.