Мурињо во свој стил му врати на Касано

by
1 минути читање

Касано го критикуваше Мурињо за неговата работа во Рома, велејќи дека Португалецот и не го интересира фудбалот и тоа да направи нешто важно со римскиот клуб.

Касано е познат по паушалните критики кои не држат вода, па Мурињо го потенцираше токму тоа.

„Секој е слободен да каже што мисли и да критикува. Но кога зборуваме за некои како Касано, тие се поинакви, тој се забавува додека другите работат“, вели Мурињо.

„Доколку таквите ја критикуваат Рома или Мурињо, не ми е гајле, бидејќи тие само се забавуваат. Касано играше за Рома, Интер и Реал. Во Мадрид го паметат поради неговата јакна, во Рома го освои Суперкупот без да игра, и со Интер не успеа да го освои ниту Ломбардија купот“.

„Знаете вие што имам јас освоено со Интер, Реал Мадрид и Рома. Тој има проблем со мене, јас немам проблем со него“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×