На Потер не му било лесно во Челси, фудбалери се пресоблекувале во ходник, седеле на земја…

by
1 минути читање

Грем Потер седна
на кормилото на Челси во септември, доби петгодишен договор, но едвај издржа
седум месеци.

Атлетик пишува за
дел од проблемите со кои се соочил стратегот и како имал мака да ги задржи сите
среќни. Тоа што Тод Боли потроши преку 600 милиони фунти на засилувања му
отворило несекојдневен проблем на стратегот.

Во соблекувалната немало место за сите фудбалери, па неколкумина морале да се пресоблекуваат во
ходникот.

Исто така немало
место за сите во просторијата каде се држеле тимските состаноци, па некои биле приморани
да седат на земја.

Тренинг
натпреварите биле посебна приказна, на еден терен се играло 11 против 11, а на
друг 9 против 9 со цел сите да бидат инволвирани.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×