Еден фудбалер на Барса се израдува на синоќешната победа на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Барселона се
надеваше на ново финале во Копа дел Реј откако славеше на првиот натпревар во
Мадрид со 0-1, но „каталонците“ синоќа беа шокирани, Реал триумфираше на Камп
Ноу со 0-4.

И додека фудбалерите
и навивачите на Барселона се разочарани, еден фудбалер има причина за радост.

Станува збор за
Абде Езалзули, кој игра на позајмица во Осасуна. Во неговиот договор има
клаузула со која тој не може да игра против Барса, па доколку „каталонците“
вчера славеа, тој ќе го пропуштеше историското финале за клубот од П
aмплона.

Но со триумфот на
Реал Мадрид, Абде сега ќе може да настапи на завршницата од Копа дел Реј.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×