Завршија на суд, му платија рекордна компензација од 26,6 милиони а сега размислуваат да го вратат, Челси во контакт со Конте

by
1 минути читање

Се очекува Челси
во скоро време да го потврди Френк Лампард за привремен тренер до крајот на
сезоната, а паралелно се водат преговори со неколку имиња за долгорочен проект.

Луис Енрике беше
во Лондон на разговори и се пишува дека поранешниот тренер на Барса ги
импресионирал челниците на Челси, а позитивни преговори биле одржани и со
Јулијан Нагелсман.

Како што
пренесува Индипендент, во Челси размислуваат и за шокантно враќање на Антонио
Конте, веќе се остварени контакти со Италијанецот и следната недела може да има
средба.

Антонио Конте е
последниот тренер кој на „сините“ им ја донесе титулата во Премиерлигата, но
разделбата беше болна, двете страни завршија на суд и стратегот доби
компензација од 26,6 милиони фунти, односно рекордна сума.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×