Баерн Минхен на домашен терен загуби од Фрајбург со 1-2, со гол од пенал кој го направи Џамал Мусиала во судиското продолжение. Милер по мечот удри по својот соиграч.
„Празни сме по ваква елиминација, нема оправдување да се испадне со гол од далечина и од пенал пред самиот крај. Дали Мусиала е виновен за пеналот? Да и тоа многу, бидејќи не смее да оди така на топката со рака, особено не во шеснаесетникот“, изјави Милер.
Изјавата на Кимих по натпреварот беше блага во споредба со она што го зборувал во соблекувалната.
„Брутално по*издев што на ваков начин останавме без можност за триумф во Купот. Елиминирани сме, а ниту во сон не помислував дека вакво нешто може да не снајде. Фрајбург немаше ниту една шанса, само еден шут од далеку и пенал, а не победи. Изгубивме по водство, што премногу пати ни се случува сезонава. Овој тим на Баерн покажува премалку страсти и емоции“, изјави Кимих за медиумите.
Но, тие откриваат дека тимот на Баерн Минхен се заклучил во соблекувалната по мечот, во неа дошол и Оливер Кан, а од надвор се слушало како Кимих вика и пцуе по сите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.