По црвениот
картон на Александар Митровиќ на Олд Трафорд, медиумите од Англија пишуваа дека
од Србинот ќе биде направен пример и ќе му биде доделена драконска казна за
недоличното однесување.
Фудбалската
асоцијација попладнево ја соопшти казната, и прогнозите горе-долу се остварија.
Александар Митровиќ
доби осум натпревари суспензија, три за црвениот картон, додатни три за насилно
однесување и два додатни за навреди и закани кон судијата.
Србинот ќе треба
да плати и глоба од 75.000 фунти.
Напаѓачот веќе
одработи еден натпревар, а ќе биде надвор од комбинација до самиот крај на
сезоната и дуелот против Саутемптон на 13. мај.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.