И Радио Монте Карло најави заминување на Лео Меси од ПСЖ: Беше постигнат вербален договор, но…

by
1 минути читање

Денеска Л’Екип
објави дека Лео Меси и ПСЖ се пред развод, а со слична сторија попладнево
излезе и Радио Монте Карло.

Новинарот Фабрис
Хоукинс најави заминување на Лео Меси од Париз, новиот договор на Аргентинецот
не е приоритет во Доха, а дури и да пристигне добра понуда, нема гаранции дека
напаѓачот ќе даде позитивен одговор.

Фабрис Хоукинс
пишиува дека на крајот од 2022, ПСЖ и Лео Меси имале вербален договор за
продолжување на соработката, но кога фудбалерот се вратил во Париз по триумфот
на Светското првенство, никако да бил ставен потпис на документите.

Ова предизвикало
тензија, пад во перформансите на Лео Меси а тоа отворило одредени сомнежи.

Не помагаат ниту
свирежите од навивачите на ПСЖ, а и неговото семејство е носталгично по
Барселона, па се упатува на тоа дека Лео Меси летоска ќе го напушти градот на
светлината.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×