Асенсио не знае каде ќе игра следната сезона, ама знае дека нема никогаш да потпише за еден клуб

by
1 минути читање

Марко Асенсио е
еден од неколкумината фудбалери на Реал Мадрид кои се под договор до 30 јуни
2023 година и преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место.

Шпанецот сака да остане
на „Сантијаго Бернабеу“ но проблем е платата која му ја нудат „кралевите“. И
додека има многу прашалници за неговата иднина, на Марко Асенсио една работа му
е јасна, нема шанса тој да се пресели во лутиот ривал Барселона.

„Асенсио никогаш
не помислувал да потпише со Барселона, дури и доколку не го продолжи договорот
со Реал Мадрид“
– пренесуваат од КОПЕ.

Агент на Марко
Асенсио е Жорж Мендеш, кој има добар однос со првиот човек на Барселона Жоан
Лапорта, но од почит кон „кралевите“, фудбалерот не сака авантура на Камп Ноу.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×