Четворица кандидати за нов тренер на Интер – столчето на Инзаги се тресе!

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ извади четири имиња од кои еден треба да биде нов тренер на Интер.

Роберто Де Зебри – Италијанскиот стратег кој се покажа како одличен во Брајтон. Тој беше импресивен и во Сасуоло, но откако се виде дека е успешен и во Премиерлигата, почна да станува мета на гигантите.

Антонио Конте – Неговата авантура во Тотнем заврши неуспешно, тој сака да му се врати на италијанскиот фудбал, а враќање во Интер е една од опциите.

Тиаго Мота – тоа би била најевтината варијанта за Интер. Стратегот кој беше дел од тимот кој ја освои легендарната тројна круна со нероазурите, со голем успех ја води Болоња како тренер.

Диего Симеоне – се верува дека ова е нереална желба на некои интеристи, бидејќи Чоло е исклучително скап тренер, во моментов е и најскап во светот. Интер тешко дека ќе може да си го дозволи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×