Потер вчера доби отказ од Челси но веднаш наоѓа нов клуб и тоа во Премиерлигата?!

by
1 минути читање

Грем Потер важеше за еден од најдобрите млади тренери во Англија па затоа Челси плати преку 20 милиони фунти за да го ослободи од договорот со Брајтон.

Сепак, неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“ не одеше според планот и тој по само седум месеци доби отказ од „сините“.

Но и покрај неуспешната авантура во Челси, Грем Потер има одредено реноме и може за кратко да најде нов ангажман.

Неколку извори пренесуваат дека тој може да седне на жешкото столче на Лестер. „Лисиците“ паднаа во зоната за испаѓање по поразот од Кристал Палас изминатиов викенд и тоа беше доволно за да се вклучат алармите и да се прекине соработката со Брендан Роџерс.

Наводно Грем Потер подолго време е на радарот на Лестер и клубот од „Кинг Пауер“ стадионот сега ќе се обиде да го убеди веднаш да се врати на работа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×