Потер сепак нема да добие рекордна компензација, Боли во последен миг се спасил од срамна исплата на неверојатни 50 милиони

by
1 минути читање

По отказот на
Томас Тухел, Челси го ангажираше Грем Потер и во стратегот покажа огромна
доверба со петгодишен договор и плата од 12 милиони фунти по сезона.

Сепак, седум
месеци подоцна, Тод Боли и неговите соработници се решија за нова промена и
вчера му „удрија клоца“ и на Грем Потер.

Се шпекулираше
дека овој потег че направи голема дупка во финнасиите на „сините“, односно тие ќе треба да му исплатата
на тренерот околу 50 милиони фунти, односно остатокот од договорот.

Сепак, Атлетик пренесува
дека Тод Боли се спасил од срамна исплата и во последен миг успеал со Грем
Потер да постигне согласност за компензација која е значително пониска од 50
милиони фунти.

Но и покрај тоа
оваа авантура прилично скапо ќе го чини Челси ако во предвид се земе тоа што
беа платени 20+ милиони фунти за да го ослободат Грем Потер и неговите соработници
од обврските со Брајтон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×