Салемакерс: Запаметете, Милан сѐ уште е шампион на Италија

by
1 минути читање

Наполи оваа сезона е далеку пред сите, ќе го освои Скудетото во Серија А, а игра одлично и во Лигата на шампионите. Но тимот на Спалети синоќа доби жестока шлаканица од Милан.

„Во изминатите месеци луѓето заборавија кои сме ние, веројатно бидејќи не игравме добро“, вели Салемакерс кој постигна одличен погодок.

„Сакаме да ги потсетиме сите дека ние сѐ уште сме шампиони на Италија и ќе бидеме до крајот на оваа сезона“.

„Голови како овој сум постигнувал на тренинг, но никогаш на меч. Кога ја имав топката видов дека има место и дека само Жиру е блиску до мене и си помислив, ќе одам сам. Овојпат помина добро“.

Милан и Наполи имаат дуели во четвртфиналето од Лигата на шампионите, на 12 и на 18 април.

„Важно беше за нас на овој меч да собереме самодоверба и знаеме дека ноќите во Лигата на шампионите се посебни. Наполи е многу силен тим и ние треба да заборавиме на овој резултат“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×