Барселона со
0-4 против Елче се загреа за реваншот
против Реал Мадрид во Копа дел Реј. И покрај тоа што Чави направи доста измени
во тимот, „каталонците“ немаа многу проблеми против последнопласираниот тим на
табелата.
Левандовски го отвори
резултатот по дваесетина минути игра во првиот дел, а на стартот од вториот дел
Фати зголеми на 0-2. Младиот Шпанец тргна од својата половина и прецизно биеше
по земја за својот прв гол во Ла Лига по октомври месец минатата година.
Левандовски во
66. минута по втор пат се запиша во листата на стрелци а конечниот резултат
беше дело на Торес, кој убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот за 0-4.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.