Ерлинг Халанд во
јануари 2022 година ја прекина соработката со Најк и изминативе 12 месеци често
носеше опрема на Адидас и Пума.
Но откако „си
играше“ една година, Норвежанецот реши да ја продолжи соработката со
американскиот производител на опрема.
Детали од новата соработка со Најк не се
откриваат, се шпекулира дека Ерлинг Халанд ќе заработува околу 20 милиони фунти
годишно, што е многу, многу пари.
Само за споредба,
на почетокот од овој месец, Џек Грилиш стана ново заштитно лице на Пума за 10
милиони фунти по сезона и тогаш медиумите пишуваа дека ова е најбогатиот
спонзорски договор за фудбалер од Премиерлигата. Договорот на Ерлинг Халанд со
Најк е два пати потежок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.