Манчини: Сите зборуваат, а никој ништо не знае

by
1 минути читање

Низ италијанските медиуми се шпекулира дека Манчини има некои лични недоразбирања со Закањи и Заниоло, па затоа не ги вика во репрезентацијата на последните натпревари.

По мечот со Малта, тој беше прашан зошто не се повикани овие двајца фудбалери, но селекторот нервозно го одбегнуваше одговорот.

„Има оправдана причина за тоа, сите зборуваат а никој ништо не знае“, рече Манчини.

Потоа новинарот инсистираше селекторот да одговори попрецизно, но Манчини не сакаше да го направи тоа.

„Сега не е вистински момент за тоа. Вратата е отворена за сите. Сум викал фудбалери кои не играле подолго време за Италија“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×