Иако најмала вина има кај Сон, Јужнокоореецот презема вина поради слабите настапи споредбено со лани кога даде 23 гола и беше еден од најзаслужните за пласманот на лондончани во Лигата на шампионите. Но, сезонава има само шест гола и смета дека ако ефектот му бил подобар, Конте немало да си замине.
Италијанскиот стратег доби отказ една недела после последното реми 3-3 со последниот Саутемптон откако Тотнем прокоцка водство од 3-1.
„Како играч многу ми е жал, зашто Антонио е првокласен тренер и нашето заедничко патување беше сјајно. Требаше да одиграм подобро. Се чувствувам виновен и одговорен за неговото заминување, зашто не му помогнав многу на клубот. Јас сум му благодарен за сѐ што направи. Конте е сјаен тренер со многу искуство и јас ќе навивам за него“, рече Сон.
Тотнем сезонава повторно ќе заврши без трофеј, зашто е елиминиран од купш-натпреварувањата, испадна од Милан во ЛШ, а премиерлигашката титула е недостижна, па им останува само борбата за нов настап во мултимилионската елита.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.