Пред еден еден месец, шпанскиот нисколигаш Унион Адарве се пожали до ФИФА за трансферот на Маркос Алонсо во Барселона, а последните информации велат дека пријава доставил и англиски Болтон.
Тие го спорат начинот на кој левиот бек заврши на Камп Ноу, односно сметаат дека играчот бил дел од трансферот на Пјер Емерик Обамејанг во Челси, па „каталонците“ треба да исплатат тренинг компензација.
Иако постојано се шпекулираше дека Маркос Алонсо ќе биде дел од трансферот на Пјер Емерик Обамејанг, Шпанецот на крајот заврши во Барселона беспари како слободен играч откако на взаемна согласност го раскина договорот со „сините“.
Сега ФИФА треба да пресече дали Барса ги изиграла правилата и дали на Унион Адарве и Болтон им следат пари како тренинг компензација.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.