Балотели повторно станува проблематичен

by
1 минути читање

Балотели беше на клупата пред две недели, а синоќа официјално беше изоставен од тимот поради симптоми на грип.

Неговиот соиграч од Ница, Валентин Еjзерик во саботата изјави дека Балотели треба малку повеќе да размислува на колективот и да работи понапорно за тимот, наспроти да ја наведнува главата кога работите не одат во негова полза.

Запрашан за овие коментари, Ејзерик рече: „Точно е, така кажав и искрено го мислев тоа. Ја зборувам вистината. Штета е што доаѓа со наведната глава на тренинзите, а е толку добар фудбалер“.

„Изгледа како ништо да не сака да има со нас. Тоа е многу разочарувачко. Навистина може да ни биде од голема корист“.

„Знаеме дека тренерот бара огромно залагање од сите во тимот. Не прифаќа никој да ја „тргне педалата го гаста“ и гледате дека тоа важи и за Марио Балотели“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани