„Спајдер-Мајк“, голманот на Милан е главен на социјалните мрежи со сензационалната одбрана против Ирска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По мундијалот во Катар, Иго Лорис реши да се повлече од репрезентацијата,
па Дидје Дешан мораше да именува нов број 1. Селекторот на „триколорите“ се
реши таа доверба да му ја укаже на Мајк Мењан и голманот на Милан импресионираше
на првите два натпревари од квалификациите за ЕВРО 2024.

Мајк Мењан одбрани пенал против Холандија во петокот, a вчера имаше сензационална интервенција против
Ирска и кога домаќините веќе ја видоа топката во голот, голманот ја сочува
својата мрежа и трите бода на Франција.

Угледниот Л’Екип го нарече „Спајдер-Мајк“ а на социјалните мрежи има
илјадници коментари со пофалби и честитки за парадата на Мајк Мењан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×