182
Конте не издржа ни две години на клупата на Тотнем, доби отказ од лондонскиот клуб, но тој вели дека има убави спомени и им се заблагодари на сите.
„Фудбалот е пасија. Би сакал длабоко да се заблагодарам на сите во Спарс кои ја почитуваа и делеа мојата пасија и мојот интензивен начин на живеење на фудбалот како тренер“, вели Конте.
„Посебна мисла за фановите кои секогаш ми даваа поддршка и почит, беше незаборавно да слушам како го пеат моето име“.
„Нашето заедничко патување заврши, ви посакувам се најдобро во иднина“.