Англија ги победи Италија и Украина во првите две кола од квалификациите и стартуваше перфектно. Во јуни играат против Малта и против нашата репрезентација.
Тогаш веќе ќе биде завршен клупскиот фудбал, па англиските медиуми шпекулираа дека дел од главните играчи ќе добијат одмор и нема да бидат повикани за дуелите со Малта и Македонија. Но, така не мисли и Саутгејт.
„Ние ја претставуваме Англија и ќе играат најдобрите. Хари Кејн не сака да пропушти ниту еден меч на Англија, верувајте во тоа. Играчите се физички и психолошки подготвени кога доаѓаат да играат за репрезентацијата“, вели Саутгејт.
„Ако дадеме одмор на одредени играчи за тие два меча, ќе испратиме погрешна порака до цел тим. Ништо не може да се предвиди во фудбалот, изминатата недела загубивме двајца играчи, затоа најдобрите мора да бидат тука“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.