Србија со максимални 6 бода го заокружи мартовскиот циклус квалификации за
ЕВРО 2024, популарните „орли“ вечерва славеа во лутото локално дерби против
Црна Гора.
Душан Влаховиќ беше херојот на гостите, напаѓачот во 78. минута биеше
прецизно по земја за 0-1, а потоа длабоко во судиското надополнување ги постави
конечните 0-2.
На вториот натпревар од Групата Д, Унгарија со 3-0 ја совлада Бугарија и со
победа го почна патот до место на континенталниот собир.
Франција со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Ирска за 100% учинок по
првите две кола, стрелец на единствениот погодок беше Бенжамин Павар, кој
постигна „голазо“ од врвот на шеснаесетникот по пет минути игра во второто
полувреме.
Холандја по тешкиот пораз на отварањето стигна до три бода откако со 3-0
славеше против аутсајдер Гибралтар.
Полска со 1-0 ја совлада Албанија во Групата Е, додека пак Чешка киксна на
гостувањето кај Молдавија и одигра само 0-0.
Шведска по поразот од Белгија се радуваше на убедлива победа од 5-0 против
Азербејџан, додека пак Австрија со пресврт стигна до триумф од 2-1 над Естонија
за два од два и првото место во Групата Ф.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.