319
„Пипита“ му
донесе нови три бода на Јувентус, Аргентинецот вечерва ги предводеше
„Бјанконерите“ до триумф против Каљари.
Напаѓачот го
отвори резултатот во 37. минута, а потоа на стартот од вториот дел ги реши сите
дилеми и погоди за 0-2.
Последните 25
минути домаќините ги играа со играч помалку, па победата на Јувентус во ниту
еден момент не беше ставена под знак прашалник.