Баерн Минхен во
петокот се раздели со Јулијан Нагелсман, а ден потоа, Оливер Кан и Хасан
Салихамиџиќ ја образложија одлуката.
Честите падови и
подеми во резултатите и слабите перформанси изминатиов период беа дел од
причините, како и меѓучовечките односи, односно стратегот ја загубил
соблекувалната.
Сепак, Џошуа Кимих
и Леон Горецка веднаш го кренаа гласот и посочија дека имале одлична соработка
со Јулијан Нагелсман.
Но како што
пишува Билд, шест играчи му го свртеле грбот на стратегот и кумувале на
неговиот отказ.
Мануел Нојер и
Свен Улрајх се првите две имиња кои ги посочува Билд, причината е отказот кој
го доби Тони Тапаловиќ, тренерот на голманите. Двјцата биле разочарани од ваквата
одлука, па влегле во конфликт со Нагелсман.
Серж Гнабри,
Лерој Сане, Џамал Мусиала и Садио Мане се останатите кои не се мирисале многу
со Јулијан Нагелсман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.