По пет години на
Сантијаго Бернабеу, Роналдо во 2007 се врати во Милано но во „црвено-црната“
половина на градот.
„Тоа што Реал го продаде
беше голем благослов. Можеби се шегувам, но можеби ја кажувам и вистината“ –
вели Фабио Капело, кој тогаш седеше на жешкото столче на „кралевите“.
„Разговарав со
претседателот и му кажав дека Роналдо мора да си оди. Имаше 94 кг, разговарав
со него и го прашав, „Колку килограми имаше кога со Бразил го освои мундијалот?“
А тој ми одговори, „84 килограми“. Го замолив да ослабне, дека не може да игра
вака. Но тој не го стори тоа, го обожаваше ноќниот живот и жените“.
„Па затоа му
кажав на претседателот дека мора да биде продаден. Имаше клуб од Саудиска Арабија,
практично се беше договорено кога добив повик од Силвио Берлускони“.
„Ме праша каква е
ситуацијата и му ја кажав вистината дека Роналдо е дебел, не тренира и дека во
мислите му е ноќниот живот и жените. Берлускони ми се заблагодари и следниот ден
во „Газета дело Спорт“ читам дека Роналдо се сели во Милан“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.