181
По контроверзното интервју кое го даде Конте по мечот со Саутемптон, беше само прашање на време кога ќе добие отказ, тоа се случи многу брзо.
„Можеме да информираме дека главниот тренер Антонио Конте го напушти клубот на заедничка согласност. Во неговата прва сезона се квалификувавме во Лигата на шампионите. Му благодариме на Антонио за неговиот допринос и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на Тотнем.
Тимот до крајот на сезоната ќе го води Кристијан Стелини кој му беше помошник на Конте, асистент ќе му биде Рајан Меjсон.