Шкринијар од 2017 година е член на Интер, моментно вреди 60 милиони евра, но ПСЖ веќе го договори да дојде бесплатно откако ќе му заврши договорот со „нераѕурите“, кои зимоска одбија да го продадат за 50 милиони евра, па сега нема да заработат ништо, зашто се надеваа дека Словакот ќе потпише нов договор, но тој ги одби сите понуди.
Дефанзивецот поради повредата на грбот заминал на специјалистички преглед во Бордо, на дополнителни прегледи, а истите ги надгледува и лекарски тим од ПСЖ, кој поради информациите за сериозната повреда, сега се зазгрижени и несигурни дали да го реализираат веќе договорениот трансфер.
Шкринијар кариерата ја почна во Жилина и Злате Моравце во татковината, а потоа дојде во Италија во Сампдорија, од каде потоа се пресели во Интер. За Словачка има 58 настапи и три гола.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.