Хрватска прокоцка победа во 93. минута, Шпанија убедлива против Норвешка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хрватите имаа предност со гол на Крамариќ од 28. минута. Велс беше очаен во првото полувреме, не направи буквално ништо.

Во второто полувреме Хрватска падна иако имаше шанси предвреме да го реши прашањето на победникот. Велс беше поопасен иако не успеавше да шутне во рамките од голот.

Судијата покажа уште три минути продолжение и буквално во третата минута од продолжението Велс преку Бродхед постигна гол и израмни на 1-1.

Шпанија со 3-0 ја победи Норвешка. Шпанците поведоа уште во 13. минута со гол на Дани Олмо.

На вториот гол се чекаше дури до 84. минута кога погоди Хозелу, а следната минута истиот играч даде уште еден гол за конечни 3-0.

Во другите денешни мечеви Шкотска со 3-0 го победи Кипар, најубедлива беше Швајцарија која со 5-0 славеше на гостувањето кај Белорусија, Турција со пресврт дојде до триумф во Ерменија од 2-1, нерешено заврши дуелот меѓу Израел и Косово 1-1, Романија со 2-0 триумфираше во Андора.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×