Кан и Салихамиџиќ објаснија зошто морале да му врачат отказ на Нагелсман

by
1 минути читање

Баерн Минхен
вчера се раздели со Јулијан Нагелсман и веднаш го именуваше Томас Тухел како
нов тренер. Попладнево на прес конференција Томас Тухел беше промовиран, а во
првиот дел од средбата со новинарите, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ го
објаснија потегот кој го повлекоа.

„Имаме должност и
одговорност да се фокусираме на спортскиот успех. Се запрашавме кои се
причините за падовите и подемите во перформансите на тимот. Под лупа ставивме се
,
ова не е панична одлука“ – вели генералниот
извршен директор.

„Од време на
време се покажуваа необајсливи слабости. Го засиливме составот, имаме еден од
најдобрите тимови во Европа, но и покрај тоа, незначително ја подобривме
конзистентноста. Не можеме да бидеме задоволни со резултатите и дел од
перформансите во вториот дел од оваа сезона“.

„Последните
неколку дена беа навистина тешки за сите нас. Една или две вечери воопшто и да
не спиев. Нагелсман и понатаму е навистина добар тренер“.

Спортскиот
директор пак рече: „Внимателно размисливме и сметаме дека ова е најдобрата
одлука за Баерн Минхен. Минатиот март имавме падови и подеми, тие се повторија
во септемри, како и сега. Имаме само пет победи на 10 натпревари во Бундеслигата
и ова не се резултати за Баерн Минхен. Врската
помеѓу тренерот и фудбалерите повеќе не беше на потребното ниво. Кога кривата
тргнува надолу, морате да реагирате“.

sss

Можно е и ова да ти се допаѓа

×