Баварците решија да се разделат со Нагелсман и на негово место да го донесат Тухел. Вест која ги шокираше сите.
Интересно, пред само четири дена претседателот на Баерн, Херберт Хајнер го фалеше Нагелсман.
„Големиот напредок на тимот е видлив под водство на Нагелсман откако тој ја презеде функцијата пред година и пол. Јулијан работи многу добро. Сите шпекулации кои се објавуваат за неговата иднина се обични озборувања кои не доаѓаат од клубот, туку од надвор“, рече тогаш Хајнер во интервју за „Кикер“.
Оваа негова изјава сега стана вирална, сите ја споделуваат и се чудат како можеше за толку кратко време во Баерн да го променат мислењето за Нагелсман, или пак претседателот тогаш не ја говорел вистината.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.