Хрватските медиуми не престануваат да пишуваат за Адеми. „24сата“, направи големо интервју со нашиот фудбалер во кое тој меѓудругото вели дека еден ден ќе се врати како тренер на тимот и ќе освои европски трофеј.
„Ова не е збогум, ова е довидување. Се надевам дека еден ден ќе бидам тренер на Динамо и дека ќе освоиме европски трофеј“, рече Адеми.
Адеми се потсети и на тешките моменти кога беше суспендиран поради позитивен допинг тест.
„Тоа ми беше најголема тага и шок. Бев со Македонија и во еден момент селекторот дојде и ме викна итно да се излезам од собата за да ми каже нешто. Најтежок период во кој немав ништо друго освен да се борам и да ја изнесам својата вистина. Но, пак морав да паузирам две години“, вели нашиот репрезентативец.
Целото интервју со Адеми можете да го прочитате на овој ЛИНК.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.